Ковачевски: На изборите одлучуваме помеѓу надеж и просперитет и безнадежност и враќање назад со ВМРО-ДПМНЕ

„На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава.  Со заокружување на бројот на гласачкото ливче одлучуваме помеѓу надеж и просперитетна иднина со СДСМ и Коалицијата за европска иднина и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој ги повика граѓаните на 8 мај да го заокружат бројот 1, за да гласаат за СДСМ и за Коалицијата за европска иднина.

„СДСМ е партија со јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода медиуми“, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира