Ковачевски: Одиме на победа на Стево Пендаровски и на обезбедување на мнозинство за формирање про-европската Влада

„Ние очекуваме прво победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и мнозинство со кое што ќе формираме про-европска Влада со која што Северна Македонија ќе го исполни она што го очекуваат граѓаните, а тоа е се она што е наведено во програмата на СДСМ и во делот на економијата и во делот на обединето право, борбата против корупцијата, грижата за сите, европската иднина, безбедноста и одбраната и секако подобриот живот на младите и ќе обезбедиме членство на државата во ЕУ со еден многу јасен план,“ изјави за МИА, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на прашањето за очекувањата на изборите.

Во врска со тоа колку пратенички мандати очекува СДСМ, тој истакнува: „Над 61 ќе има коалицијата за европска иднина и коалиционите партнери и ќе формираме проевропска Влада со која што Северна Македонија ќе има многу јасен правец во однос на тоа каде ќе се движи и како ќе обезбедиме подобар европски живот за нас и за граѓаните.“

Во однос на неопределените гласачи Ковачевски посочува дека го почитува секој глас без разлика дали е член, симпатизер или неопределен граѓанин.

„Секој глас е важен и секој граѓанин претставува глас на изборите и граѓаните добиваат суверено право да одлучуваат на тој ден како ќе биде водена државата во иднина. Јас веќе на почетокот ви кажав дека знам што ги загрижува граѓаните. Значи на првиот ден кога ќе формираме Влада јас ќе поднесам Уставни измени во делот на реформи на Судскиот совет. Знам дека граѓаните се незадоволни од начинот на кој раководеа добар дел од функционерите без разлика на политичка партија, со голем број од државните претпријатија, јавни институции итн. Тука можам да ви кажам дека ќе има голем број на промени во делот на оние кои што раководат. Ќе има многу поголема дисциплина во делот на функционирањето на они кои што ќе ја имаат честа да раководат со јавните институции бидејќи морам да кажам дека во овие изминати две години јас не можев да се посветам на персоналното однесување на дел од они кои управуваа со дел на одредени ресори, со оглед на тоа што работевме во огромна криза и мораше 24 часа да работат тимови и на намалување на цените и на обезбедување на електрична енергија, на субвенционирање на електрична енергија. Јас кога дојдов дента за премиер немаше парно го градот Скопје, а успеавме да обезбедиме да тоа се случи“, истакнува Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира