Македонија во следните три дена ќе биде под влијание на топло, но постепено понестабилно време. Најтопол ќе биде понеделник, кога во делови од Повардарието температурата ќе достигне до 37 степени.
И покрај високите температури, во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за краткотраен дожд, грмежи и локална нестабилност. Поголема веројатност за невреме се очекува во вторник и среда.
Заради големите разлики на температурата и на влажноста, се препорачува граѓаните над 50 години и оние кои имаат проблеми со висок крвен притисок да внимаваат, да избегнуваат големи разлики на температури од климатизирани простории кон отворено.
За понеделник е активно жолто предупредување поради екстремно високи температури. Граѓаните треба да избегнуваат подолг престој на сонце, особено во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да не преземаат тешки физички активности на отворено.
Понеделник, 22 јуни
Најтопло ќе биде во Кавадарци, каде температурата може да достигне 37 степени. Во Скопје, Гевгелија и Струмица се очекуваат околу 35 степени. Попладне на повеќе места се можни краткотрајни врнежи и грмежи.
| Град | Време | Макс./мин. |
|---|---|---|
| Скопје | ☀️⛈️ Топло, можна грмежи | 35° / 17° |
| Куманово | ☀️ Претежно сончево | 32° / 16° |
| Тетово | 🌤️🌦️ Сонце, можен дожд | 31° / 17° |
| Гостивар | 🌤️🌦️ Сонце, можен дожд | 31° / 17° |
| Охрид | 🌤️⛈️ Променливо со грмежи | 27° / 14° |
| Струга | 🌤️🌦️ Попладневни врнежи | 28° / 15° |
| Битола | ☀️ Многу топло и сончево | 30° / 15° |
| Прилеп | ☀️⛈️ Топло, можни грмежи | 31° / 16° |
| Велес | ☀️⛈️ Жешко, локално невреме | 33° / 17° |
| Кавадарци | ☀️🔥 Сончево и многу жешко | 37° / 18° |
| Гевгелија | ☀️⛈️ Жешко, можни грмежи | 35° / 17° |
| Струмица | ☀️⛈️ Жешко, можни грмежи | 35° / 17° |
| Штип | ☀️🌤️ Жешко и претежно сончево | 34° / 17° |
| Кочани | 🌤️ Многу топло | 33° / 16° |
| Берово | 🌤️🌦️ Топло, можен дожд | 30° / 16° |
| Крива Паланка | 🌤️⛈️ Променливо со грмежи | 29° / 15° |
Вторник, 23 јуни
Во вторник ќе има повеќе облаци, а температурите благо ќе се намалат. Во попладневните часови на повеќе места се очекуваат дожд и грмежи. Најтопло ќе биде во Кавадарци со 34 степени.
| Град | Време | Макс./мин. |
| Скопје | ☁️⛈️ Облачно, можни грмежи | 32° / 17° |
| Куманово | 🌤️⛈️ Попладневни грмежи | 30° / 16° |
| Тетово | 🌤️⛈️ Влажно и нестабилно | 29° / 16° |
| Гостивар | 🌤️⛈️ Влажно и нестабилно | 29° / 16° |
| Охрид | 🌤️⛈️ Дожд и грмежи | 25° / 15° |
| Струга | 🌤️⛈️ Попладневно невреме | 27° / 15° |
| Битола | ☁️⛈️ Облачно со грмежи | 28° / 16° |
| Прилеп | 🌤️🌦️ Повремени врнежи | 29° / 15° |
| Велес | 🌤️⛈️ Променливо со грмежи | 30° / 17° |
| Кавадарци | 🌤️⛈️ Жешко, можни грмежи | 34° / 18° |
| Гевгелија | ☁️⛈️ Топло и нестабилно | 32° / 18° |
| Струмица | ☁️⛈️ Топло и нестабилно | 32° / 18° |
| Штип | ☁️⛈️ Облачно со грмежи | 30° / 17° |
| Кочани | ☁️🌦️ Влажно, можен дожд | 28° / 16° |
| Берово | ☁️⛈️ Облачно со грмежи | 27° / 16° |
| Крива Паланка | 🌤️⛈️ Попладневни грмежи | 26° / 15° |
Среда, 24 јуни
Нестабилното време ќе продолжи и во среда. Ќе има сончеви периоди, но во повеќе региони повторно се можни локални врнежи и грмежи. Во Тетово и Гостивар нестабилност е можна уште во утринските часови.
| Град | Време | Макс./мин. |
| Скопје | 🌤️⛈️ Топло со грмежи | 33° / 17° |
| Куманово | 🌤️⛈️ Можна грмотевица | 31° / 16° |
| Тетово | ⛈️🌤️ Утрински дожд, потоа сонце | 30° / 18° |
| Гостивар | ⛈️🌤️ Утрински дожд, потоа сонце | 30° / 18° |
| Охрид | 🌤️⛈️ Попладневни грмежи | 26° / 15° |
| Струга | ☁️⛈️ Променливо и нестабилно | 27° / 16° |
| Битола | 🌤️⛈️ Сонце со локални грмежи | 28° / 16° |
| Прилеп | 🌤️🌦️ Можни кратки врнежи | 28° / 17° |
| Велес | ☁️⛈️ Променливо со грмежи | 30° / 18° |
| Кавадарци | 🌤️⛈️ Жешко, локални грмежи | 34° / 19° |
| Гевгелија | 🌤️⛈️ Топло со грмежи | 30° / 19° |
| Струмица | 🌤️⛈️ Топло со грмежи | 30° / 19° |
| Штип | 🌤️⛈️ Попладневна нестабилност | 30° / 17° |
| Кочани | 🌤️⛈️ Можни повеќе грмежи | 29° / 16° |
| Берово | 🌤️⛈️ Влажно и нестабилно | 27° / 17° |
| Крива Паланка | 🌤️🌦️ Можни кратки врнежи | 26° / 15° |
Поради локалниот карактер на врнежите, во одделни населени места може да остане суво, додека на мало растојание да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
