Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонскиот џем од тартуфи ги воодушеви посетителите на саемот ,,Зелена недела” во Берлин

Од 19-ти до 28-ми јануари во Берлин, Германија, се одржува традиционалниот саем „Зелена недела”, кој датира од 1926 година. Станува збор за глобален форум за храна и хортикултура, на кој 1.400 изложувачи на производи од 61 земја земаат учество, а бројот на посетители на саемот изнесува околу 300.000.

Македонија со десеттина компании се претстави на нашиот штанд, а присутните имаа можност да дегустираат македонски вина и пиво, како и кулинарски специјалитети според традиционални рецепти.

Но, она кое посебно го привлекло вниманието на посетителите бил македонскиот производ – џем од тартуфи, ексклузивна варијанта на класичниот џем, кој се произведува од овошје на кое се додаваат тартуфи. Инаку, тартуфите се редок вид на печурки кои се многу барани во светот. Во природата ги пронаоѓаат кучиња кои се специјлано дресирани за таа цел, а се одгледуваат и на платажи.

За учеството на популарниот саем „Зелена недела”, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за „Фокус” вели дека е среќен што и годинава се претставивме со десеттина компании кои нудат традицонални македонски производи.

Како што посочува, министерството останува посветено во поддршката на производството, но и промоцијата на нашите производи ширум светот, и го радуваат позитивните впечатоци кои нашите производители ги оставиле помеѓу посетителите на еден од водечките саеми за храна и холтикултура, а се протега на површина од 118.000 метри квадратни. (Фокус)

Треба да знаете
Moже да ве интересира