Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Скандал од груевистички размери е веста дека лажните анкети се кројат во Белата Палата

„Скандал од груевистички раземри е веста дека лажните анкети се кројат во подрумите Белата Палата“, го оцени на социјалните мрежи разобличувањето на оперативниот план за предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ која вклучува нарачани анкети и пласирање лажни вести вицепремиерот Бојан Маричиќ задолжен за европски прашања..

„Денешното ВМРО-ДПМНЕ е старото ВМРО-ДПМНЕ. Старо, авторитарно, манипулативно со безобразни, криминални и диктаторски манири и обиди да воспостават контрола врз јавното мислење и врз слободата на граѓаните за самостојна определба на претстојните избори“, напиша Маричиќ.

Маричиќ укажува дека тоа што „лажните анкети и лажните вести се креираат во подрумите на Белата палата е скандал од груевистички размери како најблаг опис за разоткриената шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите објавени на МТВ, како и за пласирање лажни вести како една од централните активности на нивниот оперативен план“.

„Гледаме дека пропагандата и дезинформациите, што како алатки ги користеше Никола Груевски, сега и ги прифатил и ги спроведува Христијан Мицкоски. Со тоа партијата ВМРО-ДПМНЕ останува прислужник на злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анкети и со тоа сакаат да ги надоместат сериозните недостатоци во нивната изборна програма и немањето план за европска иднина на земјата“, истакнува вицепремиерот Маричиќ и завршува со пораката дека „граѓаните ќе испорачаат казна“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново