Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Марија Габриел: Бугарија го поддржува европскиот пат на Турција

Бугарија секогаш го поддржувала и ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Турција. Ова го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел на заедничката прес-конференција со нејзиниот турски колега Хакан Фидан. 

Го поздравуваме заедничкиот предлог на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија од ноември оваа година да ги активираме односите ЕУ-Турција, рече Габриел.

Изразувајќи го своето задоволство од договорот меѓу Турција, Бугарија и Романија за формирање на Поморска група за противминска борба во Црното Море (MCM Black Sea), Фидан го истакна како пример за регионална безбедносна соработка.

Тој нагласи дека Турција ја гледа оваа иницијатива не само како демонстрација на регионалната сопственост, туку и како чекор во согласност со духот на сојузот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира