Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово

– Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Србија „мора да го објасни“ вооружениот напад на северот на Косово.

„Ова не се некои возбудени момци, тие се вооружени и обучени“, им рече Милановиќ на новинарите во Лудберг на прашањето за ситуацијата во Косово.

На прашањето за можните санкции против Србија, кои вчера во Загреб ги побараа премиерите на Албанија и Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ, Милановиќ рече дека не му се допаѓаат санкции кои не се прогласени од Европскиот совет, кој е задолжен за безбедноста, бидејќи тие се „претвораат во терор“., објави регионалната телевизија N1.

Пленковиќ и Рама вчера го осудија убиството на косовски полицаец во селото Бањска, го оценија како неприфатливо тоа што властите во Белград прогласија ден на жалост поради смртта на напаѓачот и побараа мерки на ЕУ против Србија.

Хрватскиот премиер рече дека мерки може да бидат донесени на ниво на Европскиот совет, но и „автономно“, на ниво на Европската комисија, како што тоа неодамна беше направено против Косово.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?