Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерот за правда на Албанија: Горди сме, на 15 октомври го отвораме кластерот фундаменти

„15 октомври ќе означи важен чекор за нашата земја што се однесува до европското патување. Албанија ќе отвори преговори со Европската Унија за првиот. Средбата ќе биде на министерско ниво во Луксембург, а на овој датум се одржува и втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија“, напиша на социјалнитре мрежи министерот за правда Улси Мања денеска и го опиша како решавачки момент во интеграцискиот процес на Албанија почетокот на преговорите по поглавја.

Тој рече дека Министерството за правда како клучна институција за поглавјето 23 (Владеење на правото, судството и основните права) ја изразува својата посветеност на одговорно водење на процесот.

„Во овој клучен момент од процесот на интеграција во пресрет на Втората меѓувладина конференција, Министерството за правда како клучна институција за Поглавјето 23 (Владеење на правото, судството и фундаменталните права) и Политичкиот критериум за функционирање на демократските институции изразува нејзината гордост и посветеноста на одговорното раководство на тековните процеси“, напиша Мања на социјалните мрежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново