Мртво новороденче донесено во штипската болница

Трагичен настан се случил вчера во Штип.

Како што информира МВР, на 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот.

Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. 

Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот.

Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Најчитано