Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за кој прашувате веќе постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.02.2026 и 25.03.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал.
Ова се истакнува во информацијата што МВР ја достави до мемдиумите денеска.
Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. Напоменуваме дека станува збор за поголема количина на електронски доказен материјал за кој е потребен поголем временски период.