По иницијатива на Советот на Европа секоја година на 26 септември се одбележува Европскиот ден на јазиците. На 30 септември 2023 година, во Софија беше одбележан Европскиот ден на јазиците по 12-ти пат.
Како и секоја година досега, во последните шест години, Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија учествуваше на оваа значајна манифестација со своја програма.
Според сценарио, режија и интерпретација на Ѓорги Георгиев – Антика, беше претставена поезијата на Кочо Рацин, локалните говори од Кратово и беше организирана наградна игра за голем број на посетители.
Игор Дамјанов изведе голем број македонски народни и забавни песни, што имаше исклучителен прием кај огромниот број посетители во центарот на Софија.
Според реакциите, Софијанци исклучително позитивно реагираа на македонската поезија и музика. Севкупната презентација на КИЦ во Софија беше успешна!