Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.333, додека 16.740 лица се повредени, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез.
Меѓу загинатите сè уште не се идентификувани 315 лица. Спасувачките екипи досега извлекле 6.462 луѓе од урнатините, а околу 17.000 жители останале без покрив над главата. Операциите за пребарување продолжуваат на неколку локации каде што сè уште постои можност да има преживеани.
Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, во период пократок од една минута. Најтешко се погодени главниот град Каракас и крајбрежната сојузна држава Ла Гваира.
Оштетени се 856 згради, од кои 190 се целосно урнати или имаат сериозни структурни оштетувања. Владините процени покажуваат дека за сместување на погоденото население ќе бидат потребни околу 25.000 нови домови.
Властите најавија дека следната недела ќе бидат распределени првите 200 станови за семејствата погодени од катастрофата. Во привремените засолништа и јавните простори има недостиг од чиста вода, санитарни услови и основни средства за хигиена.
