Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку три лица убиени на плажите во Акапулко

Најмалку три лица беа убиени на плажите во мексиканското летувалиште Акапулко во претходните денови, а една жртва беше убиена од напаѓач кој дошол од морето со чамец и побегнал на ист начин, јави Си-Би-Ес Њуз.

Гувернерот на пацифичката мексиканска држава Гереро, каде што се наоѓа Акапулко, рече дека назначил 60 вооружени детективи да патролираат по плажите по неодамнешните насилни инциденти.

Насилството продолжува и покрај присуството на неколку илјади војници и Национална гарда распоредени во градот откако беше погоден од разорниот ураган Отис од петта категорија во октомври.

Тогаш загинаа 52 лица, а 32 се водат како исчезнати, додека речиси сите хотели во Акапулко беа тешко оштетени. Поправени се само дел од оштетените хотелски соби, околу 5.000.

И покрај големото присуство на војската, нивото на насилство од бандите не е намалено.

Владата на мексиканската држава Сонора, која се наоѓа северно од Гереро, предупреди дека нарко картелите регрутирале локални млади луѓе. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира