Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наскоро може да дојде до нова вулканска ерупција на Исланд

Во Ислснд наскоро може да се случи нова вулканска ерупција, предупредија денеска исландските власти. 

Исландската метеоролошка служба Ведурстоф денеска предупреди дека веројатноста за нова ерупција на полуостровот Рејкјанес е зголемена и дека тоа би можело да се случи во следните две недели, па дури и за неколку дена.

Таму во средината на јануари се случи жестока ерупција, каде за првпат по последниот речиси половина век, лавата уништи куќи.

Според метеоролошката служба, моделите базирани на ГПС-податоци покажале дека речиси 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале под областа Сварценги и дека магмата наскоро ќе го достигне истиот волумен како и во минатомесечната ерупција.

Значајна опасност му се заканува на градот Гриндавик, кој веќе беше евакуиран кон средината на јануари. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира