Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обединети нации: Бројот на речиси половина од светските миграторни видови се намалува

Бројот на речиси половина од светските миграторни видови се намалува, се наведува во денешниот извештај на Обединетите нации.

Околу 44 отсто од миграторните видови ширум светот се намалуваат, а повеќе од една петтина од речиси 1.200 видови набљудувани од ОН се на работ на истребување.

Како што е наведено, бројни птици песнопојки, морски желки, ајкули и некои други животни се преселиле во други средини, загрозени од губење на живеалиштата, нелегален лов и риболов, загадување и климатски промени.

„Постојат видови кои се селат ширум планетата. Тие одат да се хранат, да се размножуваат и им требаат места за застанување на патот“, рече Кели Малш, главен автор на извештајот на ОН за дивиот животни, на конференција во Узбекистан.

Губењето на живеалиштето или други закани во кој било момент од нивното патување може да доведе до пад на бројот на единките од видот.

„Миграцијата е од суштинско значење за некои видови. Ако ја намалите миграцијата, ќе го убиете видот“, рече екологот Стјуарт Пим од Универзитетот Дјук.

Треба да знаете
Moже да ве интересира