Од употреба на тутун во светот годишно умираат осум милиони луѓе

Според податоците на Светската здравствена организација од употребата на тутун годишно умираат повеќе од осум милиони луѓе на светско ниво, вклучувајќи и околу 1.3 милиони непушачи кои се изложени на пасивно пушење,

Според податоците на ЕУ, пак, една четвртина од смртните случаи од рак во ЕУ, Исланд и Норвешка може да се припишат на пушењето, што го прави тутунот една од водечките причини за рак. Сепак, земјите членки се оние кои одлучуваат за сопствените здравствени политики што значи дека новите препораки не се обврзувачки и државите можат да одлучат дали ќе ги имплементираат или не.  

Како дел од европскиот план за победа против ракот, Европската комисија има за цел да создаде „генерација без тутун“ според која помалку од 5% од населението на ЕУ би користело тутун до 2040. Покрај тоа, ЕУ оддели значајни средства за да ги поддржи земјите членки да ги имплементираат мерките.  

Преку програмата „ЕУ за здравје“, доделен е грант од 16 милиони евра за промоција на политики против пушење, додека програмата „Хоризонт“ оддели 80 милиони евра за истражувања за контрола на тутунот и спречување на зависност. 

Употребата на тутун во ЕУ се на намали во последните децении, но бројките варираат во зависност од државата.  

Според истражување на Евробарометар за ставовите на европејците за тутунот и слични производи, скоро четвртина од населението на ЕУ (24%) пуши – пад од 1% во споредба со истражување од 2020 – но оваа бројка варира во зависност од државата. Бугарија (37%), Грција (36%) и Хрватска (35%) се на врвот, додека Шведска (8%) и Холандија (11%) имаат најмалку пушачи.  

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?