Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Достигнување на локалната самоуправа: Општина Охрид и ЈП „Градски гробишта“ го промовираа новото транспортно возило

Охридскиот градоначалник се пофали со новото возило на ЈП „Градски гробишта“, ќе се подобреле ефикасноста и експедитивноста

Продолжуваме со опремувањето на јавните претпријатија со потребната механизација и возила. Денес, во ЈП „Градски гробишта“ го промовиравме новото транспортно возило. Полека ЈП „Градски гробишта“ прераснува во претпријатие кое има една од најдобрите гредежни оперативи, објавија од Општина Охрид.

„Нашата замисла и цел е општинските јавни претпријатија да поседуваат сопствена механизација и возила како би се подобриле ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите, а дополнително би се намалиле средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација“, информираше градоначалникот Пецаков.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново