Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН бараат Израел да отвори истрага за „можно воено злосторство“ во Газа

Високиот комесаријат за човекови права на ОН побара Израел да отвори истрага за „можно извршување воено злосторство“ од страна на неговите сили во Газа.

Во вчерашното соопштение оваа агенција на ОН соопшти дека добила „вознемирувачки информации“ во врска со смртта на 11 невооружени Палестинци во градот Газа.

Тие го загубија животот во вторникот вечерта за време на акција на израелската армија во станбена зграда во која се засолниле неколку семејства.

Израелските војници „наводно одвоиле мажи од жени и деца, а потоа наводно пукале и убиле најмалку 11 мажи… пред членовите на нивните семејства“, се наведува во сведочењата објавени од Опсерваторијата за човекови права EuroMed.

Агенцијата на ОН ја потврди смртта на 11 Палестинци, но нагласи дека „околностите за смртта се уште се истражуваат“.

„Израелските власти мора веднаш да спроведат независна, темелна и ефикасна истрага за овие наводи“, се нагласува во соопштението на Вискиот комесаријат за човекови права на ОН.

Израелските власти засега не излегоа со коментар на обвинението.

Треба да знаете
Moже да ве интересира