Во недела на 20 август, со почеток од 21 часот, во Летната бавча на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена традиционалната Меѓународната ликовна колонија “Михајлово – Кавадарци 2023“. На годинашното издание на колонијата ќе учествуваат 25 ликовни уметници од Македонија, Косово, Италија, Бугарија, Турција, Кореа и Србија.
Колонијата ќе трае од 20 до 26 август 2023. Куратор на колонијата е М-р Владимир Темков. Во рамките на колонијата ќе се оддржат неколку ликовни настани, а еден од нив е и отворањето на изложбата на ликовниот уметник Марија Светиев во Галеријата при Домот на културата од 20 часот пред свеченото отворање на колонијата. На отворањето ќе настапи групата “Акустико“ од Кавадарци.

Меѓународната ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2023“ ќе се оддржува во Вилата “Моклиште“, во истоимената област во близина на Кавадарци, каде учесниците ќе работат и престојуваат.