Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата бара населението во Газа да има безбеден пристап до хуманитарната помош

 Папата Франциск денеска повика на населението од Појасот Газа да му се гарантира „безбеден пристап“ до хуманитарна помош.

Глад му се заканува на населението на оваа блокирана територија, што е под израелски напади од почетокот на војната меѓу исламистички Хамас и Израел, се наведува во проценката на Обединетите нации.

-Секој ден со тага во срцето го носам страдањето на жителите во Палестина и во Израел, поради тековните непријателства, рече папата по молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Го охрабрувам продолжувањето на преговорите за моментален прекин на огнот во Газа и целиот регион, така што сите (израелски) заложници да бидат ослободени и вратени кај нивните роднини, кои нервозно ги чекаат, и цивилното (палестинското) население да има безбеден пристап до хуманитарната помош, што им е итно потребна“, рече папата и апелираше за итен прекин на непријателствата. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира