Пендаровски: Опозицијата е против договорите кои ги штитат македонскиот јазик и идентитет, се надевам не би го менувале тој дел

Пендаровски во Велес
Пендаровски во Велес

„Ја почнавме првата конференција со Брисел и кога го завршивме скрининг процесот требаше да продолжиме со втората и за четири, четири и пол години да станеме членка на ЕУ, но внатрешната опозиција во ликот на ВМРО-ДПМНЕ рече не, затоа што наводно, според нив, ни еден од овие договори кои ги постигнавме и за кои добивме меѓународни признанија, не биле добри“, рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Велес.

Тој додаде дека во разговори со опозицијата ги прашуваат што е тоа што не чини во договорите, дали тоа што јасно е кажано дека сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик и што македонскиот јазик е верифициран во ОН, НАТО и ЕУ.

„Ги прашуваме што би смениле? Се надевам дека не би смениле ништо за македонскиот идентитет, јазик име и код. Што би подобриле и какви се тие подобри договори кои вам би ви биле во по волја? Знаете што одговараат? Дека имаат план Б, но ќе ни го кажат ден по избори“, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека ветувањето дека тие имаат некаков алтернативен план, кој не го кажуваат е лага која не може да помине ниту кај деца од претшколска воздраст.

Треба да знаете
Moже да ве интересира