Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ се фали со 100.000 разлика во првиот круг, но не кажува кој ќе победи во вториот круг

Кога има седум кандидати невозможно е некој да оди со 100.000 разлика во првиот круг на претседателските избори, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Има една индикативна работа. ВМРО-ДПМНЕ и во однос на парламентарните избори постојано се расфрла со бројки на пратеници – блиску сме до 61, дајте ни уште малку поддршка, наближуваме 61, па лицитира 55, 57 итн. А за претседателските избори лицитира со 100 илјади гласа разлика, најмалку 100 илјади. Па повикува, прашува дали ќе се откажам, ако биде таква разликата. Меѓутоа индикативно е дека никогаш не кажува како ќе биде разликата на крајот и кој ќе биде победник на крајот“, порача Пендаровски.

Тој посочи дека излезноста во вториот круг ќе биде поголема заради парламентарните избори, додавајќи дека првиот круг од претседателските избори ќе го најави победникот во вториот круг.

Треба да знаете
Moже да ве интересира