Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Политиканти: „Победата“ на Путин е знак на слабост, а не на комодитет и стабилност

„Интересно е тоа што се случува со Путин. Повеќето западни аналитичари не очекуваа дека ќе оди со така дрзок процент на победа, од 88, 90 отсто. Ваквиот висок процент е знак на слабост на Путин, а не комоција или стабилност“, оцени новинарот Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Со него се согласи и неговиот ко-водител, новинарот Борјан Јовановски кој додаде дека Путин има трансформација кон несигурност.

„Тоа се демонстрира и низ неговата цинична изјава за Навални. Тој прв пат го спомена Навални по име, не го споменуваше никогаш, со обраќаше со еден таму. Прв пат го споменува и ја потврдува веста дека постоел договор за размена на затвореници и дека баш кога таа размена требало да се случи тој починал. Во стилот како ‘ете, тоа е животот, што да се прави?’“, рече Јовановски.

Орданоски се согласи дека структурниот проблем кај диктаторите и распаѓањето на позицијата доаѓа кога се наближува моментот за избирање наследник, бидејќи не постои механизам и не се знае како ќе се бира тој што треба да го наследи, а привилегиите кои идниот наследник би ги добил се огромни.

„Затоа демократијата победува, вака или така. Она може да е во криза, но демократијата има механизми кои ѝ овозможуваат да се снајде и преживее. Демократиајта и не би била тоа, ако нема падови, ако нема дијалектика во целата нејзина приказна“, се согласи Јовановски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира