Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полскиот парламент одобри резолуција за реформи во судството

 Полскиот парламент одобри резолуција со која се повикува на промени во Националниот судски совет (НСС) поради обидите на новата влада да ги повлече реформите на претходната администрација кои критичарите велат дека ги политизирале судовите.

Со оглед на тоа што ЕУ ги замрзна средствата во вредност од милијарди евра за Полска поради загриженоста за владеење на правото, новата про-ЕУ коалициска влада укинувањето на реформите го постави за свој приоритет.

Во резолуцијата се вели дека неколку одлуки кои се дел од реформите во судството што ги спроведува националистичката партија Право и правда се неуставни и се повикува „незаконски назначените“ членови на НСС да поднесат оставки.

– (Резолуцијата) има симболично значење … покажувајќи дека ние едноставно имаме уставен проблем со една од институциите која има многу важна функција, изјави министерот за правда Адам Бондар во парламентот, цитиран од полската новинска агенција ПАП.

Резолуцијата беше усвоена со 239 гласа „за“ и 169 гласа „против“.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е сојузник на Право и правда, постојано ја изразува својата поддршка за судските реформи на националистичката партија, за кои критичарите и европските институции велат дека го нарушуваат владеењето на правото. Неговата поддршка значи дека новата влада би можела да наиде на проблеми во обидот да ги укине реформите. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира