Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поплавите во Италија одложија и натпревари од фудбалското првенство

Поплавите во регионот Емилија Ромања во Италија се причина за одложување на натпревар од италијанската Серија А помеѓу Болоња и Милан кој требаше да се одигра во сабота.

Теренот на стадионот „Ренато Далара“ неколку дена била под вода, поради големите поплави во регионот, поради што, според федерацијата, нема услови за игра.

Се уште не се знае кога ќе се преигра одложениот натпревар, но поради густиот распоред на двата тима во италијанското првенство, купот и европските натпреварувања, тој веројатно нема да биде оваа година.

Претседателот на лигата Лоренцо Казини објасни кога би можеле да го гледаме овој натпревар.

„Во овој момент, со календарот в рака, најверојатно натпреварот може да се игра во февруари. Постои опција Божиќ, хипотетички кажано, но се уште оценуваме“, истакна тој.

Одложувањето на овој натпревар ги помати сметките на Милан, бидејќи првотимците Тијени Рејндерс и Тео Хернандез имаат по еден натпревар суспензија. Планот беше двајцата да отсуствуваат од откажаниот дуел, за потоа да им биде дозволено да играат во дербито против Наполи во следната рунда. За жал, „росонерите“ ќе мора да се соочат со актуелниот водечки тим во Серија „А“ без Холанѓанецот и Французинот.

Зачлени се на нашиот е-билтен