Само еден ден по силното невреме, Македонија денеска, 2 јули, повторно ја очекува нестабилно време со можност за интензивни локални процеси, пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека во поголем дел од земјата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. На одделни места се очекува атмосферските процеси да бидат поизразени и за кратко време да донесат поголемо количество дожд.
Локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар, додека налетите на ветерот може да надминат 60 километри на час. Во делови од земјата постојат услови и за краткотрајно невреме со град.
Поради локалниот карактер на нестабилноста, процесите нема да бидат еднакво силни насекаде. Можно е во еден град или населено место да има пороен дожд и силен ветер, додека на блиска локација врнежите да бидат значително послаби или целосно да изостанат.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината повторно може да има пообилен дожд, краткотрајно невреме и град.
Температурата во главниот град ќе се движи од околу 17 степени наутро до 32 степени во текот на денот. Низ Македонија минималните температури ќе бидат од 11 до 19, а максималните од 27 до 35 степени.
Нестабилното време ќе продолжи и во петок, кога повторно се прогнозираат локални поројни врнежи, грмежи и силен ветер. Од викендот се очекува постепено стабилизирање, со повеќе сончеви периоди, но во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Граѓаните треба да бидат внимателни при нагло затемнување на небото и појава на грмежи, да избегнуваат престој под осамени дрвја и метални конструкции и да не поминуваат со возила низ подвозници и улици на кои се насобрала поголема количина во
