Пожарот во поранешен „Декортекс“ во Радовиш изгаснат по шест часа

ФОТО: Радовиш Инфо

Големиот пожар што избувна доцна попладне во неделата во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш е изгаснат по повеќечасовна интервенција на пожарникарите.

Огнот зафатил магацински простор и дел од објектите во кои имало машини и запалив материјал. Според првичните информации, во пожарот изгореле магацин и машини, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш, кои неколку часа работеле на локализирање и целосно ставање под контрола на огнот. Дел од пожарникарите вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници, но сите кои интервенирале се во добра состојба.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се утврдени. По завршувањето на увидот треба да биде познато како започнал огнот и колкава е вкупната штета во објектот.

Најчитано