Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, ќе ја посети Северна Македонија на 22 и на 23 Јули 2024 година. Ова ќе биде нејзината втора посета, последователно на претходната реализирана во Мај 2022 година.
Претседателката Рено-Басо изјави: ,,Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија по втор пат. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции.”
За време на посетата Претседателката на ЕБОР ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.
ЕБОР е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата. До денес, Банката има инвестирано ЕУР 2,9 милијарди во 190 проекти во целата земја.