Професор по дефектологија уценува студенти: Помала оцена ако напишете Северна Македонија

Лавина реакции по фејсбук-објавата на професорот Владимир Трајковски во која се обраќа на студентите со закана дека ќе намалува оцени на оние студенти во чиј индекс ќе пишува Северна Македонија.

Неговата објава ја пренесоа и дел од медиумите, а денеска наместо извинување тој вели дека овие реакции се производ на тоа дека „има многу ‘пациенти’ со Стокхолмски синдром“.

„Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“, пишува во објавата на Трајковски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира