Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промотивна групна изложба на „Ателје Бојар“

Дваесетина уметници ќе бидат претставени на промотивната групна продажна изложба на „Ателје Бојар“ што ќе биде отворена денеска во 19:30 часот во новиот деловен простор на улица „Македонија“ во Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени дела во повеќе ликовни техники на уметниците Петар Хаџибошков, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Марија Светиева, Тања Балач, Ангел Димовски Чауш, Беди Ибрахим, Станко Павлески, Ана Спасова, Вујка Радивојевиќ, Ана Цветкоска-Панова, Фехим Хусковиќ, Ладислав Цветковски, Жаклина Глигориевска Кочоска, Берхарт Холман (Австрија), Анастас Константину – Тасо (Албанија), Решат Амети, Драган Варговски – Алпи, Љупчо Бојаров.

Покрај галериската активност, „Ателје Бојар“ ќе организира и ќе одржува групни и самостојни изложби, предавања, промоции, часови за цртање и сликање, за деца и возрасни, подготвителни часови за полагање приемни испити за Средно уметничко, Факултет за Ликовни уметности и Архитектонски факултет, ликовни работилници: иконопис, мозаик, теракота, графика дрворез и фузирано стакло, работилници за школски деца, конзервација и реставрација на уметнички дела и арт- туризам.ар/са/


Фото: „Ателје Бојар“

Треба да знаете
Moже да ве интересира