Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин ќе оди кај Ердоган во април или мај

Посетата на Владимир Путин на Анкара, која беше најавена за оваа недела, се одложува за по претседателските избори во Русија, и локални избори во Турција, кои се одржуваат следниот месец.

Од првиот ден, овој настан привлече големо внимание кај меѓународната јавност, затоа што тоа треба да биде, кога ќе се реализира, прва посета на шефот на руската држава на земја на НАТО од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Како што се дознава во дипломатски кругови во Анкара и Москва, посетата ќе биде реализирана кон „крајот на април или почетокот на мај“. Покрај одложувањето, подготовките „интензивно продолжуваат“, но датумот на посетата „допрва треба да биде договорен“, пренесоа турски медиуми.

Во Русија на 17 март ќе се одржат претседателски избори на кои според многу проценки, Путин ќе добие нов мандат. Во Турција, на последниот ден од следниот месец, се одржуваат локални избори на кои им се придава невообичаено големо значење. Ова може да се очекува, бидејќи новата Партија на правдата и развојот на Ердоган по две децении за првпат, пред четири години, ги загуби водечките позиции во трите најголеми градови во земјата: Истанбул, Анкара и Измир.

Треба да знаете
Moже да ве интересира