Спонтана и храбра спасувачка акција се одвивала во Трст, Италија кога маж со својот автомобил паднал во водите на Јадранското море.
За среќа во близина се нашле студенти од Воената академија во Модена кои веднаш реагирале и успеале да го спасат возачот.
За таквата храбра интервенција благодарност и пофалби добија и од италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Во Трст, неколку студенти од Воената академија во Модена интервенираа храбро и брзо за да спасат лице чиј автомобил паднал во морето. Тие дејствуваа без двоумење, ставајќи го животот на друг на прво место. Гест што совршено го изразува значењето на службата, одговорноста и чувството на должност.
Нашата благодарност и гордоста на целата нација им се упатуваат на овие млади луѓе“ напиша Мелони на социјалните мрежи.
