СДСМ: „Гоце Делчев би се згадил од ВМРО-ОКГ“

СДСМ

СДСМ со остро соопштение реагираше на актуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја власта дека ги нарушила односите со Бугарија и ја оддалечила државата од европската перспектива. Во партиското соопштение се наведува дека „Гоце Делчев би се згадил од ВМРО-ОКГ“, алудирајќи на, како што велат од СДСМ, „криминал, неспособност и политичка изолација“.

Од партијата посочуваат на изјава на бугарскиот претседател Румен Радев, кој оценил дека односите меѓу Македонија и Бугарија се на најниско ниво во последните децении. Според СДСМ, тоа е доказ дека актуелната власт води политика што создава конфликти наместо дијалог и европска интеграција.

Во соопштението СДСМ оценува дека власта „ја претворила државата во заложник на дневна пропаганда“, наместо да работи на реформи, економија и напредок во евроинтеграциите. Од партијата тврдат дека Македонија денес има нарушен меѓународен углед и застој во процесот кон Европската Унија.

СДСМ ја обвини Владата и за продлабочување на политичките поделби во земјата, оценувајќи дека националните теми се користат за дефокус од економските проблеми, растот на цените и незадоволството кај граѓаните.

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=8 stats_views=0 ]

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=8 stats_views=0 ]