СДСМ: Јавниот долг речиси 11 милијарди евра, граѓаните сè посиромашни а Мицкоски оди на екскурзија

СДСМ

Јавниот долг стигна речиси 11 милијарди евра, што е речиси 60 отсто од БДП, реагираат од СДСМ:

„За две години ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја задолжија државата и народотр со над две милијарди евра. 

А што добија граѓаните? Најниски плати во Европа. Празни фрижидери. Нема зголемување на минималната плата. Нема чиста вода за пиење. Нема реформи. Нема Европа. Само нови кредити. Само нови тендери. Само нови лаги“ се наведува во соопштението.

Од СДСМ додават дека Мицкоски и Кочоска се фалат со „стабилност”, додека Евростат вели дека имаме најнизок животен стандард во Европа.

„Бројките велат – 11 милијарди долг. Граѓаните го плаќаат. А Мицкоски си оди на „екскурзија” реагираат од СДСМ.

Најчитано