Шефовите на грчката и турската дипломатија се сретнаа во Брисел во пресрет на посетата на Мицотакис на Турција

Во пресрет на посетата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на Турција на почетокот на следниот месец, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО средба одржаа шефовите на грчката и турската дипломатија Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан.

Дипломатски извори за грчките медиуми брифирале дека двајцата министри разговарале за регионални и меѓународни прашања, за билатералната соработка и подготовката за претстојната посета на Мицотакис на Анкара во мај. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира