Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шекеринска: Во сите земји во процесот на зачленување и по зачленувањето во ЕУ се забележува намалување на корупцијата

„Од првите 20 најдобро пласирани земји на Транспаренси интернешнл, само 9 не се од ЕУ, но тоа се развиени земји како Канада, Нов Зеланд, Сингапур. Земјите од ЕУ најчесто се на првите 20 или 30 места“, рече потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Таа додаде дека дури и земјите кои се пониско рангирани на индексот, како Унгарија, која во моментов е на ниво на Македонија, имала подобри резултати во процесот на пристапување и првите години по членството во ЕУ.

„Хрватска има најдобри резултати во борбата против корупцијата за време на зачленувањето и потоа, Унгарија исто така. ЕУ е нашиот пријател во борбата со корупцијата. Некогаш треба да се слуша, некогаш треба и со неа да се преговара“, рече Шекеринска

Таа додаде дека ЕУ може да ни биде најголем сојузник за борбата против корупцијата, но сепак за тоа е потребна и волја дома, од политичарите, академската заедница, медиумите и самата фела.

Треба да знаете
Moже да ве интересира