Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шведска неделава ќе ја објави одлуката за истрагата за експлозијата на Северен поток

 Обвинителот што ја води шведската истрага за експлозијата на гасоводот „Северен поток“ во Балтичкото Море во 2022 година планира оваа недела да објави одлука дали да се откаже од случајот, да поднесе тужба или да побара некои апсења, соопшти денеска Обвинителството.

Веднаш по експлозијата Шведска објави дека при истрага во шведската економска зона на лице место пронашла траги од експлозив, „што значи дека се работи за саботажа“.

Шведска јавно не ги идентификуваше осомничените.

Данската полиција, која води сопствена истрага, денеска одби да ја коментира изјавата на шведското обвинителство.

Гасоводите што пренесуваа руски гас во Германија беа сериозно оштетени во серија експлозии во шведската и данската економска зона во Балтичкото Море во септември 2022 година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира