Си по состанокот со Трамп: САД и Кина треба да бидат партнери, а не ривали

Трамп
EPA/Maxim Shemetov / POOL

Кинескиот претседател Си Џинпинг по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Кина и САД треба да градат партнерски односи, а не ривалство, нагласувајќи дека стабилната соработка меѓу двете најголеми светски економии е клучна за глобалната безбедност и развој.

Во разговорите во Пекинг, двајцата лидери разговарале за повеќе глобални теми, вклучително трговијата, технолошките односи, конфликтите во светот и геополитичките тензии, при што бил нагласен интересот за намалување на меѓусебните недоразбирања. 

Си предупредил и дека прашањето околу Тајван останува најчувствителната точка во односите меѓу двете држави и дека секое погрешно управување со ова прашање може да доведе до сериозни последици, па дури и конфликт. 

Од друга страна, Трамп по состанокот изразил оптимизам за иднината на односите, оценувајќи дека постои простор за подобра економска и политичка соработка, како и за стабилизирање на глобалните односи.

Средбата е оценета како обид за смирување на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, иако остануваат отворени клучни прашања како трговијата, технологијата и безбедноста.

Најчитано