Сиљановска-Давкова со честитка по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Курбан Бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.

Во честитката претседателката изразува желба празникот да го помине во мир, радост и семејна благосостојба.

Сиљановска-Давкова порачува дека „во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ“.

„Курбан бајрам, преку својата длабока симболика на дарување и пожртвуваност, упатува на вредности, важни за моралната зрелост на заедницата: човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот. Токму во способноста да се зачуваат и да се изразат љубовта и грижата за ближниот, дури и во мигови на разлики и предизвици, се препознава и се мери интегрираноста на општеството“, се влеи во честитката на претседателката.

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова порачува дека „само преку разбирање, заемно уважување и култура на почит, различностите можат да бидат предност, а не слабост, да станат мост, а не препрека, да прераснат во единство, надминувајќи ги поделбите“.

Најчитано