Скандал во МНАВ, братот на Гувернерот Славески од чувар унапреден во функционер

Ново политичко обвинување за непотизам ја отвори темата за кадровската политика во М-НАВ. Од СДСМ тврдат дека братот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, бил незаконски унапреден од работно место чувар во член на Управниот одбор на М-НАВ, оценувајќи дека станува збор за пример на партиско влијание и злоупотреба на институциите.

Управниот одбор на Акционерското друштво за воздухопловна навигација незаконски го унапредил Сашо Славески, брат на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS и член на Управниот одбор, велат од СДСМ.

Во реакцијата се наведува дека ваквите именувања, според опозициската партија, ја нарушуваат довербата во јавните институции и го отвораат прашањето за критериумите по кои се избираат членовите на раководните органи во државните претпријатија и акционерски друштва.

Од М-НАВ и од останатите надлежни институции засега нема официјален одговор на обвинувањата. Не е соопштено ниту дали ќе биде поведена постапка за проверка на законитоста на именувањето.

Најчитано