Софија со насмевка му ја затвори вратата на Гаши

Софија останува на цврстиот став дека нема повторно отворање на веќе договорените услови за европскиот пат на Македонија, иако средбата меѓу претседателот на Собранието, Африм Гаши, и претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, поминала во тон на дипломатска љубезност и повици за подобра соработка.

Пораката од бугарската страна била јасна – обврските што веќе се дел од европската преговарачка рамка не се предмет на нови разговори, дополнителни договори или ревидирање.

Гаши во Софија ги повторил македонските позиции за уставните измени и европската перспектива на земјата, нагласувајќи дека иднината треба да ги поврзува двете држави, наместо постојано да ги враќа кон споровите од минатото.

Тој повикал и на обновување на парламентарната комуникација и на градење подобри односи меѓу институциите на двете земји.

Но, зад дипломатските насмевки и протоколарните пораки, суштинската позиција на Софија не се променила. Бугарија очекува Македонија да ги исполни преземените обврски, меѓу кои и внесувањето на Бугарите во Уставот, без отворање нов политички пакет.

Практично, тоа значи дека барањата за дополнителни гаранции или за ново толкување на договорената рамка не наишле на поддршка од бугарската страна.

Средбата се одржала во рамките на пленарната сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што од 21 до 23 јуни се одржува во Софија.

И покрај разликите околу клучните прашања, двете страни изразиле подготвеност да ја обноват парламентарната соработка, која во изминатите години беше ограничена поради политичките кризи и честите изборни циклуси во Бугарија.

Посетата на Гаши така заврши со две паралелни пораки – простор за подобра комуникација меѓу парламентите, но без простор за ново преговарање за условите што Софија ги смета за веќе затворени.Софија со насмевка му ја затвори вратата на Гаши

Посетата на Гаши така заврши со две паралелни пораки – простор за подобра комуникација меѓу парламентите, но без простор за ново преговарање за условите што Софија ги смета за веќе затворени.

Најчитано