Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Изборот на граѓаните е меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација

„МВР, од крајно затворена институција го  трансформиравме во институција со транспарентност од просечни 59.5% во 2016, до високи 87.5% во 2023“, вели Спасовски.

Тој најавува силна борба со корупцијата во правосудството, во наредните 4 години, низ системска проверка на потеклото на имотот и конечно спроведување на процесот на „ветинг“ за сите судии и јавни обвинители.

Притоа се осврнува на резултатите дека од заробена држава во времето на 11-годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, минатата година во извештајот на Репортери без граници Македонија е  рангирани на 38-то место во светот, со скок од 80 места во однос на 2016 година и прва во регионот за слободата на медиумите.

„Само две недели нѐ делат од големата одлука. Од изборот меѓу надеж и безнадежност,  меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација. Затоа овие парламентарни избори се исклучително важни. Затоа и ги повикувам граѓаните со посебна одговорност да ја определат иднината на нашата татковина,“порачува Спасовски.

Тој им порачува на граѓаните, дека нема откажување од иднината!

Треба да знаете
Moже да ве интересира