Тешко повредените во уривањето на настрешницата во Нови Сад сѐ уште се во критична состојба

Тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад сѐ уште се витално загрозени, беше кажано утрово во Клиничкиот центар во Војводина.

„Повредените сѐ уште се во животна опасност“, изјави директорката на Клиничкиот центар Весна Туркулов, пренесе РТС.

„Ги контролираме секој ден, советот заседава неколку пати на ден, се прават дополнителни наоди, се прават лабораториски дијагностики и така се одлучуваат понатамошните чекори“, изјави таа.

На 1 ноември 14 лица загинаа при уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад.

Во врска со таа трагедија досега се сослушани 53 лица.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ поднесе оставка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?