Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трајчулески: Тошковски да поднесе оставка, а ОЈО да отвори истрага за вмешаноста на вработени во МВР и општина Чаир во бегството на Рамадани

Сите информации за вмешаноста во бегството на Блерим Рамадани на раководни кадри од МВР поставени од Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и вработени од општина Чаир кои ги добивме од свиркачи ги објабуваме денеска по што бараме Обвинителството да започне итна истрага, а Тошковски да поденесе неотповиклива оставка. Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај, порача Митко Трајчулески од СДСМ на денешната прес-конференција.

-Христијан Мицкоски и Панче Тошковски вчера одмолчеа на прашањата кои ги постави СДСМ за бегството на Блерим Рамадани бидејќи добро знаат дека информациите се точни и не може да ја скријат вистината. Бараме Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата. Како што вчера објавивме и според информациите до кои дојде СДСМ, на 10 август додека Блерим Рамадани требало да биде во куќен притвор, тој всушност бил во Косово, рече Трајчулески .

Како што појасни тој за транспортот на Рамадани до Косово постојано бил задолжен Началникот на северната граница со Косово, Рамука.

-Човек кој е неодамна поставен на оваа позиција од Тошковски. Согласно информациите, Рамука со возило Рено, го зел Блерим Рамадани од живеалиштето каде бил во куќен притвор. Од таму се упатиле кон границата со Косово кај Блаце и во 18 часот и 40 минути, по лентата за товарен сообраќај, ја поминале границата без никаква контрола. Рамука, за потсетување, е истиот началник на Тошковски кој ги пропушти Гаши и сватовите да поминат без контрола на истата граница, вели Трајчулески.

Тој додава дека истиот ден во вечерните часови, на ист начин, без конотрола Рамука и Рамадани ја поминуваат назад границата кон Македонија и Рамадани се враќа во живеалиштето во Чаир каде треба постојано да е во куќен притвор.

-На 14 август поточно четири дена подоцна, односно на денот кога Рамадани официјално ја напушта државата, преку границата го носи друго лице. За транспорт, овој пат со возило марка Фолксваген Пасат и скопски регистарски таблички, е задолжено лице вработено во општина Чаир како раководител. Неговиот идентитет нема да го откриеме и ќе почекаме тоа да го напраави ОЈО. Ова лице и Рамадани на границата со Блаце биле пропуштени од раководителот на смена без контрола, кој пак добил директна наредба да ги пропушти од Рамука. Раководителот од општина Чаир го носи и остава на Косово. Рамадани и за многу кратко време се враќа назад и повторно ја поминува границата без никаков документ. Според информациите, тој немал ниту лична карта ниту пасош со себе, но по наредба бил пропуштен да помине назад, појаснува Трајчулески.

Од СДСМ прашуваат што правел Тошковски и полицијата додека со часови Рамадани бил надвор од државата? Како е тука виновен било кој друг освен МВР што криминалец баран со меѓународна потерница, се шета преку границата кога сака и како сака. Има ли поголем доказ дека ова е акција на МВР со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ за да се пушти Рамадани на слобода?


-Бараме итна и недоложна одлука за декласификација на камерите и снимките од границата за јавноста да ги види и се увери во нашите информации. Доколку ова не се направи, јасно е дека Тошковски сака да ја сокрие вистината. ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат овие наводи преку камерите, но и граничниот систем за контрола на патници. Апелираме до сите медиуми, граѓански организации и сите граѓани, да го кренат гласот против своеволието и пред се приватизирањето на граничните премини од страна на ВМРО-ДПМНЕ за нивни политички цели. Ова ја доведува државната безбедност во ризик и значи дека во иднина ќе се случуваат тешки криминални дејствија преку границата со Косово, додаде Трајчулески.

Зачлени се на нашиот е-билтен