Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска до Мицкоски: Откако сте на власт изгубивте допир со реалноста, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

„Откако дојдовте на власт, премиере, како да го изгубивте допирот со реалноста, како да не сте влегле во продавница и со свои очи да видите што се случува, па најавувате купување на авион за функционерите од владата. Ќе го прифатите предлогот на СДСМ за унинување на ДДВ за основните прехранбени производи“, го праша пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, во врска со со вртоглавиот раст на цените на храната. ‘Просто да се чуди човек колку може власта да ве одлепи во облаците. Додека луѓето немаат леб вие на авиони за себе мислите’.

„Не знам дали ги видовме последните податоци овој месец, минималната синдикална кошница достигна 63.252 денари, што е пораст од скоро 400 денари месечно, а во споредба со јануари 2024 година, зголемувањето е за 6.000 денари. По која математика, граѓаните со две минимални плати од 22.567 денари, да ги покријат овие трошоци“?, посочи Тренчевска.

Тренчевска, нагласи дека социјалдемократите понудиле решение за реално намалување на цените на основните прехранбени производи, но дека Мицкоски ‘упорно води инает и не го прифаќа’.

„Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно. Моето прашање до вас е, откако сфативте дека вашите мерки дожвеаја дебакл и се тотално неефикасни, дали сега ќе го прифатите предлогот на СДСМ за укинвање на ДДВ за прехранбените производи? Се надевам ароганцијата со којашто ги одбивавте мерките на СДСМ сега ќе ја стишите малку“, праша Тренчевска.

Пратеничката, посочи дека, животот на повеќето граѓани е претворен во секојдневна борба, како да го преживеат месецот, дека цените се плафон, и дека ваквиот тренд продолжува. Граѓаните се доведени да бираат што и колку ќе пазарат само од основните производи, не зборуваме за луксуз. А да не не ги споменувам сметките кои треба да ги плаќаат.

Зачлени се на нашиот е-билтен