Вајц: Изјавата за бугарскиот медиум е од пред 7 недели

Вајц

Изјавите во кои се зборува за оцена дека земјата нема напредок во реформите, како што вели тој, се дадени на почетокот на март и дека тогаш ја одразувале моменталната состојба.

Според него, Северна Македонија бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време да ги исполни потребните обврски во рамки на реформската агенда до јуни.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во изјава за телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели и дека не е јасно зошто е објавено дури сега.

Зачлени се на нашиот е-билтен