ВИДЕО: Камион со македонски таблички изгоре на А3 во Хрватска

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска заврши со една жртва, откако камион излетал од коловозот, ја пробил заштитната ограда и се запалил. Хрватската полиција потврди дека на местото на несреќата биле пронајдени регистарски таблички од Република Северна Македонија, но идентитетот на загинатиот возач сè уште официјално се утврдува.

Несреќата се случила на 5 мај, околу 14:15 часот, на подрачјето на општина Доњи Андријевци, во близина на Среданци. Според полициските информации, камионот се движел по јужната коловозна лента, по што излетал од патот, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во столб за јавно осветлување и преминал на спротивната коловозна лента. По занесувањето повторно удрил во ограда и во уште еден столб, по што избувнал пожар.

Возилото целосно изгорело, а во него животот го загубило едно лице. На терен биле испратени итните служби, пожарникари, полиција и екипи на ХЕП поради оштетување на електроенергетската мрежа. Сообраќајот на автопатот се одвивал отежнато, а во еден период бил целосно запрен поради увидот и санацијата на теренот.

Зачлени се на нашиот е-билтен