Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта

Полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР. 

При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.

Зачлени се на нашиот е-билтен