Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] ВМРО-ДПМНЕ ги погази сите ветувања за одговорност

Пратеникот на СДСМ Борче Цветков од говорницата на денешната собраниска седница истакна дека пратениците на СДСМ и колаицијата ќе гласаат за интерпелацијата на собраниискиот спикер Арфим Гаши, од едноставна причина што сегашната власт пред избори ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност, доколку работи спротивно на правилата и законите.

-За само два месеци се случија серија скандали, а одговорност нема од никого. Вашите функционери се недопирливи. Тие се над законот, а неказнивоноста на функционерите ја враќа државата назад, на голема врата. Кога бевте во опозиција устите ви беа полни со одговорност, а кога седнавте во удобните фотелји, веднаш ја сменивте плочата, Си ги погазивте своите ветувањата дека секој функционер кој се огрешил, ќе одговара. Но кога е коалицијата во прашање одговорност нема, нагласи Цветков.

Пратеникот Цветков ги повика пратениците од владината коалиција да гласаат ЗА интерпелацијата, бидејќи само така ќе докажат дека си стојат на зборот даден пред граѓаните, а доколку не гласаат ЗА повеќе нема да имаат образ и легитимитет да прозиваат било кого за било што.

-Потребна е политичка одоговорност за прекршување на правилата, повеќе од очигледно е дека е основана интерпелацијата, но гласањето нема да биде врз основа на аргументацијата, туку врз основа на интересот, за жал не на државата, туку а партијата, истакна пратеникот на СДСМ Борче Цветков на денешната собраниска седница.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново