Финансиски договор од 50 милиони евра, обезбедени од Европската инвестициска банка, која Владата, ќе ги додели како неповратни средства на општините, преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Оваа вест, премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на Европската инвестициска банка Габриел Бјорн им ја соопштија на средбата во Владата, на која присуствуваа со 58 градоначалници.
Од Владата, преку соопштение информираат, дека „средбата е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините“.